„Одлуката е донесена, обврските се поделени. На 13. мај ќе се случи најголем протест што некогаш е одржан во Албанија. Ние сме отворени за политички дијалог. Ако другата страна прифати одговорност за катастрофалната состојба во земјата, отворени сме заедно преку политички дијалог да им дадеме на Албанците слободни и фер избори. Оваа битка не ја водиме за нас туку за правата на граѓаните“, изјави Баша.
Тој нагласи дека сака „да дообјасни по дванаесетти пат“ дека Демократската партија нема да донесе одлука за бојкот на изборите.
„Сета оваа битка е да се учествува на изборите. Оние кои ќе се организираат на 18 јуни нема да бидат избори, туку ќе биде гласање во еден монистички систем. На 18. јуни монстичко гласање со криминал и дрога нема да има“, истакна Баша.