Денес се одбележува Денот на Европа
„Светскиот мир не може да биде сочуван без креативни напори, соодветни на опасностите кои го загрозуваат“. Денес овие зборови на Роберт Шуман се сметаат за прв чекор кон обединување на европските напори во иницијативата која сега прерасна во Европска унија.
Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.
Во 1985 година, шефовите на земјите од Европската унија, на седницата во Милано, решаваат 9 мај да се слави како Ден на Европа. Од тогаш до денес 9 мај го симболизира стремежот кон единство, мир и просперитет во Европа. Денот на Европа е повод за празнични настапи во многу европски земји. Ова е уште еден начин луѓето од различни нации да се чувствуваат обединети Европејци. Овој датум станува симбол на Обединета Европа со синото знаме со златни ѕвезди Ода на радоста од Деветтата симфонија на Бетовен за текст на Фридрих Шилер и единствената валута (еврото).