14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Претседателот на ЕК со предупредување до Турција: Не воведувајте смртна казна!

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер во интервју за германски „Рајнише Пост” истакна дека повторното воведување  на смртната казна во Турција ќе значи крај на процесот на преговори за членство на земјата во Европската Унија.

„Доколку воведувањето смртна казна се покаже нешто повеќе од обична реторика, тоа ќе биде еднострано откажување на Турција од европското семејство. Тоа би било еднакво на прекин на преговорите (за членство во ЕУ), бидејќи нашата заедница е заснована на почитување на демократијата, човековите права и меѓународното право. Тие вредности ја исклучуваат смртната казна“, посочи Јункер.

поврзани објави

Последни објави