Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека нема сила која може да ја пороби Русија.
„Нема, немало и нема да има сила која ќе го покори нашиот народ“, рече шефот на државата. Тој говореше на црвениот плоштад, по повод Денот на победата, 9 мај.
Тој потсети дека за време на Втората светска војна нацистите го оствариле најмоќниот удар врз Советскиот сојуз.
„Нашиот народ се бореше за живот и смрт, бранејќи ја Татковината, го скрши нацизмот и стави крај на неговите ѕверства“, истакна Путин.