Претседателот на Русија, Владимир Путин раѓањето Христово го одбележа во манастирот Свети Јурија во Велики Новогород, каде беше дел од празничната литургија со локалните граѓани.
По заминувањето од таму, Путин заминал и во посета на манастирот „Свети Ѓорѓи“. Со ова продолжува традицијата на претседателот на Русија, за време на Божиќ да биде околу Москва, заедно со граѓаните на својата земја.
„Пред нас е уште поуспешна година од минатата. Сето ова што го имаме, не би го оствариле без вас“, им се обрати Путин на присутните.