-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) ЗАЕВ: ЈА ПРЕЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТА, СО ПОДДРШКА ОД ВАС, МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПА!

Претседатолот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати по повод 9-ти Мај, денот против Фашизмот и ден на обединета Европа.

„Ја преземам одговорноста, со поддршка од вас, мотивиран од силната заедничка верба дека е можно и остварливо – и Република Македонија да биде дел од обединета Европа.

Граѓаните на Република Македонија се обединети како никогаш досега во вредностите што го штитат човековото достоинство, што гарантираат еднаквост пред законот и правда за сите, што обезбедуваат економска стабилност на семејствата и безбедносна стабилност на државата.

Обединети сме во различностите.

Македонции, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци. Политички определени и неопределени. Млади и стари. Работници и стопанственици…

Обединети сме во надежта дека заедно можеме да успееме ако ги зближуваме луѓето, преку нивните заеднички интереси.

Дишеме низ различните традиции, бои, вкусови, искуствата низ заедничкото минато. Тоа не спојува низ историјата, не поврза во сегашноста и ни ја обезбедува иднината.

И денес знаеме – различностите се нашата сила.

Така победивме режим. И така создаваме живот.

Ја обезбедуваме унитарноста, сувереноста и посебноста на Република Македонија.

И што е Македонија, ако не Европа во мало.

Земјите како Македонија, не се создадени случајно.

Тие се пример како секој има свое место во деморатските процеси што го обезбедуваат напредокот и прогресот. И затоа успехот на Македонија во овој концепт на заедништво ќе биде успех и на обединета Европа.

Европа знае – иднината е во заедништвото.

Повеќе од кога било и се потребни овие успешни модели на функционирање затоа што и таа со секој нов предизвик се надминува себе си.

И на Македонија, повеќе од кога било и е потребна Европа зашто ги повлекува граѓаните на нашата земја во еден просперитетен и надежен свет.

Затоа почитувани граѓани мора да го искористиме овој момент.

Да, пред нас се уште многу предизвици за кои се потребни уште многу труд, енергија, ентузијазам. Тоа не може да го направи еден човек, ниту неколкумина политичари. Потребни сте сите. Секој со своето знаење, секој со она што е, може да придонесе во изградбата на современа, демократска и да, европска Македонија.

Го заслужуваме тоа после сите предизвици нис кои поминавме и визијата и планот на коишто опстојавме.
10 години се боревме со автократски режим и сега сме на прагот на слободата, демократијата и европските перспективи.

Затоа овој 9 мај, ден на победата над фашизмот и Народно-ослободителната борба, и денот на обединета Европа има посебно значење за нас.

На чекор сме пред формирањето на новата демократска Влада во Република Македонијаи ви ветувам- со љубов кон Македонија градиме и ќе изградиме, европска Република Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање.

поврзани објави

Последни објави