3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Лавров кај Трамп или Трамп кај Лавров? (ВИДЕО)

Без новинари. Без прашања. Само руската медиумска агенција ТАСС шири слики од средбата меѓу американскиот претседател  Доналд Трамп и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Средбата се одржа само неколку часа откако претседателот на САД го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

https://www.youtube.com/watch?v=_bYhSJFrm7E

Лавров ги покани новинарите во руската амбасада во Вашингтон за да им раскаже за тоа што зборувал со Трамп и Тилерсон. Односно во целата оваа ситуација, можевме да ги видиме изјавите само од едната страна, од руската. Во медиумите протекоа информации дека санкциите против Русија поради Сирија и Украина не биле дискутирани. Имало и краток коментар од Трамп: Сакаме ужасните убиства во Сирија да запрат. Она што е интересно е дека Трамп не ја коментирал средбата со Лавров на Твитер – неговото омилено место за споделување на информации. Наместо тоа, тој најде време да ги нарече демократите „лажни лицемери“ поради поддршката за Коми.

А тој беше ли отпуштен? Се шегувам, одговори Лавров за Џејмс Коми. (дали средбата меѓу Лавров и Тилерсон е нарушена поради отказот на директорот на ФБИ ), вакво прашање доби Лавров од страна на новинарите пред средбата со Тилерсон. По средбата Лавров рече дека не очекувал дека ќе треба да одговара на такви прашања.

Лавров доаѓа за прв пат во Вашингтон после четири години. Во јуни се очекува да се оствари средба и меѓу претседателот Трамп и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

поврзани објави

Последни објави