2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Германското МНР: Оваа одлука на Иванов долго се очекуваше, добро е што тој попушти

Германското МНР со реакција во врска со состојбите во Македонија.

„Добро е што претседателот Иванов попушти и повеќе не го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука долго се очекуваше и конечно го рефлектира исходот од изборите 2016 година во Република Македонија.

Македонците не заслужиле на нивниот грб да се играат политички игри. Тоа што на земјата и е потребно и што граѓаните оправдано го очекуваат е брзо формирање на нова влада која што брзо ќе се вклучи во опсежната имплементација на „Договорот од Пржино“ и на другите итни реформски приоритети. Длабоките реформи се неопходни за да се овозможи продолжување на македонскиот пат кон евроинтеграциите. Германија ќе продолжи да ја поддржува земјата на овој пат,“ се вели во изјавата на германското МНР.

поврзани објави

Последни објави