3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Прва официјална посета на Трамп во Израел и на Западниот Брег

Претседателот на Америка, Доналд Трамп денеска ќе ја оствари својата прва официјална посета на Израел и на Западниот Брег. Целта на оваа негова посета како што пренесуваат француските медиуми, е да се постигне мир меѓу Израелците и Палестинците.

Пројавувајќи оптимизам, американскиот претседател за овој конфликт изјави дека е еден од најстарите во светот, дека тоа е „најтешкиот договор за постигнување“, „крајниот договор“ како што своевремено вети.

„Ние ќе го постигнеме“, кажа тој.

Тој, меѓутоа, претрпе критики од Израелците во врска со изјавата на Белата куќа за крајно чувствителната тема за статусот на Ерусалим.

Пред да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, Трамп денеска се очекува да биде првиот актуелен американски претседател кој го посетил Ѕидот на плачот – најсветото место, на кое Евреите можат да се молат, што се наоѓа во окупираниот и анектиран Источен Ерусалим.

Израел го смета Ерусалим за своја неделива престолнина, а за Палестинците Источен Ерусалим е престолнината на државата, за која чезнеат.

Трамп утре ќе го посети градот Витлеем, на окупираниот Западен Брег, каде ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Потоа ќе го посети меморијалниот споменик на жртвите на Холокаустот „Јад Вашем“во Ерусалим и ќе одржи говор во Музејот на Израел.

поврзани објави

Последни објави