Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од сопругата Боркица вчера присуствуваше на концертот со кој свечено се отвори новиот објект на Македонската Филхармонија. Во полната сала поранешниот премиер и неговата сопруга беа дочекани со аплауз.
Покрај нив, на пуштањето на новиот објект можеа да се забележат и други функционери и партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Трајко Вељаноски. Меѓу присутните беа и претседателот на државата Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова.
ВИДЕО: МАКФАКС