24-годишната Марина Јовановска е прекрасна млада девојка, полна со живот и позитивна енергија на која треба да и помогнеме да мине една тешка препрека.
Марина боледува од многу ретка болест на очите која ако не се третира веднаш може да доведе до трајно слепило. Во најбрз можен рок мора да замине во Германија и да ги добие соодветните третмани за нејзините мили очи да продолжат да гледат.
Да бидеме хумани, да бидеме другари! Да помогнеме кој колку може за ова девојче да може да ужива во сите убави работи кои ги носи животот. Овој викенд таа го кажа и судбоносното ДА на своето момче Благој и има уште една причина повеќе за да слави и да се радува, наместо да се грижи како ќе ги собере потребните финански средства за да оди на лекување во Берлин.
Телефони за донации:
075 143-485
077 143-485
070 143-111
Со секој Ваш повик донирате 100 денари кои се од огромна вредност за неа!
Линк ОВДЕ