Новиот министер за здравство Арбен Таравари по посетата на Клиничката болница во Тетово изјави дека ќе се укине плаќањето по учинок, економските директори на клиниките ќе бидат шефови на администарција, прокетот „Мој термин“ ќе се подобри, а зависно од финансиските можности и законските прописи, пет до шест лекари од одредена клиника или болница ќе добиваат 10 до 20 отсто покачување и на тој начин ќе се мотивираат.
Министерот го осуди вчерашниот напад врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и рече дека причината за ваквиот немил настан, како и за сите други инциденти по болниците, ја гледа во огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите кој особено, како што нагласи, се изостри последниве години.
Жално е тоа што се случи со Тодоров и лично, бидејќи се слушнав со него на телефон, му го изразив моето жалење. Меѓутоа веќе две – три години се пука по доктори и се тепаат лекари. Не би рекол дека ми е мило што почуствувал како е да се биде доктор во Македонија, но секојдневно ни се случуваат такви збиднувања по болниците со пациентите зашто направивме голем јаз во односот пацинет – лекар. Затоа барам од сите, па и од медиумите, помош да изградиме доверба меѓу пациентот и лекарот, рече Таравари.