13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СДСМ: Реформите ќе се спроведуваат посветено и транспарентно, ништо повеќе не зависи од Груевски

„Несериозно е Никола Груевски, човекот кој целата јавност го слушаше како нарачува насилство и одмазнички се пресметуваше со неистомислениците сега да зборува за поттикнување насилства.

СДСМ остро го осудува вооружениот напад врз Никола Тодоров и бара целосно расветлување на случајот и соодветно казнување на извршителот на нападот. Правдата мора да се спроведува единствено низ судските органи и никако поинаку.

Создавање на независно, неселктивно и непартиско судство е врвен реформски приоритет на новата Влада предводена од СДСМ. Секој за кого ќе се докаже дека извршил какво било незаконско дело ќе понесе одговорност пред професионало и независно судство. Тоа ќе важи за сите, вклучително и за Груевски и неговите соработници.

Покрај реформите во судството, новата Влада предводена од СДСМ, посветено и транспарентно ќе продолжи со спроведување на владината програма која ќе донесе напредок, правда, еднаквост и живот за сите во Македонија. Првата мерка, укинување на екстерното тестирање веќе е остварена и поздравена од учениците, родителите и наставниците, а наскоро ќе има и нови работни места и повисоки плати и тоа веќе не зависи од Груевски.

Паралелно со реформите во општеството, ги повикуваме чесните пратеници, членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да започнат внатрепартиски реформи и да се дистанцираат од ретроградната и антидржавничка реторика на Груевски и неговите соработници и да се вградат во процесите кои ќе донесат реформи и добро за сите, а Македонија повторно ќе ја вратат на евро-атлантскиот курс“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави