„Со длабока тага, шок и огорченост ја примив потресната вест за терористичкиот напад во Лондон.
Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до Вас, до семејствата на настраданите и до мирољубивиот народ на Англија. Нашите мисли и молитви се со Вас.
Овој срамен чин кој се случи вчера ги вознемири и потресе македонските граѓани. Овој срамен чин вчера беше директен и брутален напад врз општеството и човечките вредности.
Сите ние заедно сме исправени пред предизвикот наречен тероризам. Република Македонија и граѓаните одлучно се решени, заедно со цивилизираниот и демократскиот свет да делуваат во борбата против тероризмот. Таа борба против тероризмот никогаш нема да запре, а ние никогаш не смееме да се откажеме“ стои во телеграмата на Груевски до Тереза Меј.