13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ракометарите на Вардар ќе бидат одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“

Членовите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“ од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, додека на РК Вардар ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.

По триумфот на РК Вардар во Лигата на шампионите, Република Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција, откако во финалето што се одигра во Келн, Вардар ја совлада екипата на Парис Сен Жермен.

Свечената церемонија за врачување на одликувањата ќе биде одржана во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, веднаш по завршувањето на организираниот пречек на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

поврзани објави

Последни објави