Реал Мадрид ќе биде сериозно искушен да се раздели со најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо преку летото, пишува португалското издание „А Бола“.
Според него неколку клубови се подготвени да платат 180 милиони евра за трансферна сума за 32. годишниот напаѓач, што значи дека, Белите ќе добијат двапати повеќе пари, од оние кои ги дадоа за Роналдо во текот на 2009 година на Манчестер Јунајтед.
„Бомбата на трансфер пазарот“! Предлагаат 180 милиони евра на Реал за Роналдо. Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Монако и неколку богати кинески клубови се подготвени да понудат луди пари, за да го добијат најдобриот играч во светот, пишува изданието на својата прва страница.
Кристијано Роналдо, пак, изјави дека се чувствува одлично во Реал и дека неговата желба е да игра до 41 година во екипата на „кралевите“.