Вчера (7 јуни) во Велика Британија заврши предизборната кампања на предвремените парламентарни избори во земјата, кои ќе се одржат на 8 јуни. Гласањето започнува во 07:00 часот британско време (09:00 часот по македонско време), а ќе заврши во 22:00 часот (24:00 часот по македонско време). Дури потоа ќе започне вистинските попис, за да стане јасно како ќе бидат распределени 650 места во британскиот Парламен
Самата кампања беше обележана со терористички напади, што дополнително ја отежнува работата на аналитичарите во предвидувањето на изборните резултати.
Меј во кампањата вети дека ќе биде лидер на британската борба против Брисел, каде официјалните преговори за излегувањето на состав од Европејскиот сојуз треба да започнат на 19 јуни.
За време на говорот во градот Стоук Меј ја побара поддршката од граѓаните: Дајте ми ја вашата поддршка да ја поведам Велика Британија, дајте ми ја власта да говорам од името на Велика Британија, дајте сила на мојата рака да можам да се борам за Вас.
Во последните месеци беше извршен и најкрвавиот терористички напад во Велика Британија, при кој атентаторот самоубиец одзеде 22 животи на концерт во Манчестер во текот на мај.