-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов: Бугарија сака да даде европска перспектива на обичните луѓе на Балканот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одржа средба со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Високо ги ценам напорите на Бугарија, која уште не е членка на Шенген, а покрај тоа многу јасно ја контролира бугарско-турската граница и ги чува надворешните граници на Европската Унија. Бугарија го заслужува нашето признание, изјави германскиот канцелар, Ангела Меркел, по својата средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Берлин, се наведува во сооштението објавено на сајтот на Министерскиот совет.

Според германскиот канцелар, Бугарија има важна улога за стабилноста во регионот на Западен Балкан.

„Ќе дадеме надеж за перспектива и ќе ги поддржиме овие земји, бидејќи и другите политички партнери, исто така, се заинтересирани да имаме добри односи. Сакаме јасно да се разбере дека нашата поддршка на Западен Балкан нема да се промени“, подвлече таа.

Благодарение на својата географска положба и своето претстојно претседателство со ЕУ во текот на следната година, Бугарија може да направи многу нешта, со кои ќе му помогнеме на Балканот. Тоа се совпаѓа и со плановите на Берлин. Сакаме да дадеме европска перспектива на обичните луѓе на Балканот, забележа бугарскиот премиер.

поврзани објави

Последни објави