Раководството на Барселона било подготвено да се раздели со капитенот Андрес Иниеста, кој е најуспешниот шпански фудбалер во историјата на фудбалот со 30 освоени трофеи.
Според Cadena SER претседателот на Каталонците Хосе Марија Бартомеу и други раководители на клубот размислувале – Дали не дојде крајот за 33 годишниот халф на стадионот „Ноу Камп“
Интересно е што, вето на ваквата одлука стави новиот тренер Ернесто Валверде, кој уште на првата прес-конференција објави дека Лионел Меси и Андрес имаат сигурно место во неговиот клуб.
Договорот на Иниеста истекува следното лето, а фудбалерот неколкупати изјави дека нема да потпише пак за било каква цена. Во текот на минатата сезона тој изигра едвај 13 натпревари како титулар во Ла Лига поради повреда и пад во формата.