Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов – Скопје“ денес на социјалните мрежи масовно постираат фотографии на кои може да се забележи како има црви во компир манџата. Студентите прашуваат каде се инспекциските служби, каде се одговорните и до кога студентите ќе треба да преживуваат, наместо да живеат.
„Не сум експерт, па да ми помогне некој околу ова. Што е? Среќа не е петок, ќе се омрсев“, пишува студентка на својот ФБ профил.
Ова не е прв случај каде што студентите реагираат на лошите услови и храната во студентските домови. Имено, студент на својот Фејсбук профил сподели објави видео во кое се гледа дека во мензата нема храна за студентите. Тогаш, државниот студентски дом Скопје реагираше на објавите во врска со недостатокот на храна, велејќи дека станува збор за дискредитирање на работата на домовите.