Најекстремното и најпознатото светско рели, Дакар се соочи со неочекувани и големи проблеми предизвикани во временските неприлики.
Ако ширум Европа снегот е тој кој предизвикува проблеми, тоа во Јужна Америка, поточно Боливија се обилните врнежи од дожд кои предизвикаа големи поплави. Така поради тоа низ дивите предели се створени буквално мали езерца, а и калта предизвикува големи проблеми.
Ова беше аларм за организаторите на релито па така беше откажана шесттата етапа па така натрепварувачите ќе има два дена за одмор. Дакар ќе продолжи утре со седмата етапа од Ла Паз до Ујуни во должина од 622 километри.