3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Миленко прашува: КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВМРО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЧЕЛО НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Во колумна на порталот Дудинка, Миленко Неделековски прашува кој е планот, како ќе се врати ВМРО ДПМНЕ пак на власт?! Еве го тој дел од колумната:

“СЕ ИМА ЛИ ПЛАН?

Јасно е што може и сака СДСШ. Сега треба да се види што сака, ама и колку може, ВМРО ДПМНЕ.

Читајки ги колумните во “Дневник“ на политичарите од врвот на Партијата…, читајки ги ФБ статусите на министрите, парламентарците но и на оние раководители на ВМРО што се кријат зад измислени ФБ ликови…, гледајки ги нивните настапи на ТВ ераните во дебати и прилози – имам еден битен заклучок!

Не е тој заклучок поврзан со кашикарата кај Милошовски, ниту со атентатот над Тодоров, ниту со тоа кој ги отворил капиите на Собранието, ниту пак за тоа зошто одредени ликови воопшто ги нема во бомбите или пак како одеднаш до вчера битни имиња во партијата (за идеологија, економија и сл.) одеднаш ги снема!!!

Тој заклучок ми е во врска со најважната работа, а тоа е што до сега не чув и не прочитав која е (која ќе е) стратегијата на ВМРО ДПМНЕ за брзо враќање на кормилото на државата и набутувањето во зандани на државните непријатели и подривачи на системот. Секако и на оние батки од 4-те “Хашки“ случаи чие злосторство против човештвото не застарува.

Не го слушнав планот, ако некој го чул, нека пише. Но чув дека ВМРО ДПМНЕ ќе била  кооперативна опозиција!!! Молим, дали добро чув?! Они со пиштол у глава на Нино, а ти кооперативен во собраниските клупи!!! Они сакаат во бајбук да го стават Грујо, а ти онака кооперативен!!!

Ма каква кооперативност. Опозицијата треба да е нахална, досадна, агресивна, настојчива, размрдувачка… Таа треба да блокира, поставува услови, агитира… Не, да биде кооперативна. Оти е ако е кооператива тогаш е соучесник во распаѓањето на државата.

Значи, еве во име на народот, да прашам: КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВМРО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЧЕЛО НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? Борба, жестока борба – или како досега лизни-мазни стратегија?!”

поврзани објави

Последни објави