Француските весници ја признаа победата на партијата на претседателот Еманеул Макрон, Републиката во движење (РЕМ) на првиот круг од паралемнтарните избори, но нивна главна тема е рекордно ниската излезеност на гласачите, јаву дописникот на МИА од Париз.
Резултат е важен, но сепак главна карактеристика е рекордниот мал број на гласачи на изборите, заклучува францускиот печат изутринава, еден ден по првиот круг од парламентарните избори на кои партијата РЕМ на Макрон и нејзиниот сојузник Демократското движење (МоДем) освои најмногу гласови, односно 32,32 отсо.
„Maкрон маршира кон големо мнозинство“, пишува „Фигаро“, „Maкрон го реши натпреварот“, оценува „Опинион“, „Мајсторски потег“, додава „Паризиен“, „ОПА“ наведува „Либерасион“, алудирајќи на кретенската ОПА, односно „операција на преземање на едно претпријатие на берзата“. Насловите на националните весници не оставаат сомнеж за бојата на идниот „син Парламент на Макрон“, како што оценува „Иманите“.
– Кој би помислил? Кој би помислил? Политичка партија, која не постоеше пред две години е подготвена да зграби огромно мнозинство во Националното собрание, со што ја менува политичката сцена за која долго се мислеше дека е непроменлива, пишува „Фигаро“.
Со проекции кои предвидуваат дека ќе освои меѓу 400 и 455 пратеници во 577-члениот Парламент, РЕМ може ја презема сета власт.
Тоа е „целосна победа на ветената стратегијата за обновување“ од страна на шефот на државата, пишува „Алзас“. – Највуваваниот бран за следната недела [18 јуни] звучи како одобрување од страна на Француците за политиката на Макрон, смета „Нувел Републик ди Центр Уест“.
– Овај бланко чек не значи целосно прифаќање на програмата на претседателот и на неговата партија. Ниту 24 отсто во првиот круг на претседателските избори, ниту апстиненцијата не треба да дадат илузија дека Франција ја зафаќа „Макронманија“, оценува „Опинион“.
– Рекордната стапка на апстиненција и пресвртот на кој сме сведоци, ја покажуваат големата флексибилност, дури и недоверба на електоратот, предупредува „Журнач ди Хот Марн“.
За „Иманите“, со рекордно ниво на неизлезност од 51,29 отсто, „победници на овие избори се апстинентите“. Весникот близок до комунистите смета дека „се направло се со цел од гласачките кутии да се оддалечат мнозинството Французи“.
– За да се владее, подобро е да се смета на јасна поддршка на програмата и да се има опозиција во Парламентот, отколку на улица. За сега, го нема ниту едното, ниту другото, заклучува „Уест-Франс“.