-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Ќе има професионализација на институциите, ниту едно министерство нема да функционира како нечиј штаб

„ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по најголемата партизација на државните институции. 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно поклопување на државата од страна на партијата, a еден од најочигледните примери за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи кое ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лицемерно обвинува за мешање на партијата и државата, директори на јавни претпријатија и членови на ВМРО-ДПМНЕ, како Ромео Тренов и Лука Кржаловски, бесрамно држат партиски прес конференции во нивното работно време, со што директно докажуваат дека работат единствено во интерес на партијата и спротивно на потребите и интересите на граѓаните.

СДСМ преку Владата што ја предовди, започнува процес на професионализација и департизација на институциите. Никогаш повеќе ниту едно министерство, ниту една институција нема да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави