23.8 C
Skopje
Sunday, April 20, 2025

Заев: Во македонските учебници ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави

На вториот ден од посетата на премиерот Зоран Заев во Бугарија, тој изјави дека политичките односи помеѓу двете држави биле оладени исклучиво од политички причини.

„Чиј е Цар Самоил не треба да дебатираат политичарите, туку историчарите“, изјави премиерот по завршувањето на денешните средби со бугарските колеги.

На прашање на бугарските новинари Заев одговори дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави.

Вчера премиерот Заев оствари средба со бугарскиот премиер Борисов, а попладнето имаше средба и со претседателот Румен Радев.

 

поврзани објави

Последни објави