Претседателот на здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“ г-нот Петар Колев ја поздрави средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. Според Колев двајцата државници покажале политичка мудрост и веќе ја пишуваат историјата на подобрувањето на односите помеѓу двете братски држави. Еве го полниот текст на реакцијата на првиот човек на МБП.
„Заев и Борисов пишуваат историја на Балканот со која ќе се гордеат нивните наследници. Тие покажаа мудрост, политичка зрелост и желба да отворат нови перспективи за целиот регион. Јас како председател на МБП можам да изразам задоволство од фактот што нашите заложби за кои често бевме напаѓани, денеска се државна политика на Р. Македонија и Р. Бугарија. Може слободно да се констатира дека европската енергија ги победи балканските комплекси. Заедничкото минато е и ќе биде сигурен гарант на нашата заедничка иднина во обединета Европа. Пред Р. Македонија предстојат убави моменти, нови инвестиции, европски фондови и отворени врати. Братска Бугарија може да ни помогне многу во тоа, затоа што е рекордер во ЕУ за усфојување на европски средства. Ова е факт кој што може само да не радува.“– истакнува Колев