2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО НП: Главен кочничар за добрососедските односи со Бугарија и Грција беше ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

 

ВМРО-Народна партија ја поздравува вчерашната средба на премиерот на Р.Македонија Зоран Заев со  премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов. Овој чекор претставува нова можност кон унапредувањето и развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, а со тоа и обновување на заложбите за интеграција на Република Македонија во Европската унија и НАТО.
Очекуваме, Бугарија како земја членка на Европската унија со најголема искористеност на ЕУ фондовите, со своето искуство и поддршката за Република Македонија да допринесе кон наша побрза реализација на интегративниот процес како идна земја членка.

 

Со ваквиот развој на настаните се врти нов лист во балканската политика кон целосна европеизација на Балканот.

 

ВМРО-Народна партија со своето делување на политичката сцена, секогаш била поддржувач и со своите политики се залагала за брза Евро-атлантска интеграција на Република Македонија и одржување на добрососедски односи со сите држави од регионот.

 

Истовремено жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ова не го направи многу порано, имајќи можност додека  долго време ја водеше државата, туку не оддалечи од европските соседи – Бугарија и Грција. ВМРО-ДПМНЕ за целиот период имаше игнорантскиот однос кон Република Бугарија несакајќи да ги продолжи воспоставените практики и да ги искористи можностите што ги овозможува Бугарија како земја членка на ЕУ. Таа беше главен кочничар како на добрососедските односи така и кон процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и членството во НАТО.

 

ВМРО-Народна партија смета дека ваквиот чин е добар пример за нормализирање на добрососедските односи и со останатите соседи кои се од круцијално значење за Евро-атлантскиот пат на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави