Сè уште е рано да се каже нешто за можна средба на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во текот на следниот месец, соопшти Кремљ.
Се очекува дека двајцата лидери ќе се сретнат првпат во текот на Самитот Г20 во Германија во јули.
„Во секој случај Путин и Трамп ќе присуствуваат на ист настан, во ист град и во исто време“, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додал дека „нажалост засега нема конечен договор за средба“.