fbpx
2.3 C
Skopje

Без план 24/7

АКТУЕЛНО

Пишува: Љупчо Балкоски

Архитект и Генерален секретар на ВМРО Народна партија

 

Деновиве на повеќе телевизии започнаа дебатни емисии во кои учествуваат министри на Владата, наспроти поранешните министри кои после 11 години за прв пат се појавуваат на дебата, сигурно по наредба од раководството на Дпмне. Треба да се напомене дека МРТкако јавен радиофузен сервис, сеуште во својата програма и вести, се однесува како воопшто да нема промена на власта во Р.Македонија.

Карактеристично кај поранешните функционери на ДПМНЕ, е што имаат исти начин на однесување, кој е очигледно заеднички извежбан, а тоа е : ароганција, научени напамет бројни информации со кои напаѓаат за да во јавноста се добие впечаток дека тие ,,најповеќе,, знаат, се однесуваат како да нема воопшто проблеми во државата и дека новата Влада не знае да работи. Само една работа прават исто и кога беа на власт, а тоа е упорно и повторно го манипулираат народот.

Сите тие, најосновно, треба да сфатат дека веќе НЕ се на власт. Имаа 11 години да направат нешто за земјата, а тие не направија ништо за да го подобрат животот на граѓаните и барем да ја доближат Македонија кон ЕУ и НАТО. Затоа сега немаат ниту еден основ со кој би кажувале како да работи новата Влада.

Што се однесува за ситуацијата за автопатиштата и Градскиот стадион во Скопје на кого му го сменија името, работите можат да се поправат. Меѓутоа, треба да се објасни, како тоа за секоја работа што ја градеа, се јавуваат пропусти. На сите три автопатишта што се градат има пропусти и како на тие автопатишта, домашните градежни компании не се главни изведувачи туку само кооперанти на странските компании. Исто така и на градскиот стадион има пак пропусти. Очигледно, поранешните раководства на институциите на поранешната влада, нивните ПРОПУСТИ ги трансформираше во нови анекси на договорите, но сега како Дополнителни работи. Помеѓу ,,Пропуст,, и ,,Дополнителни работи,, , во градежништвото има голема разлика. Тоа е незнаење на поранешните раководства.

Состојбите може да се поправат, краткорочно до 21.07. за стадионот и долгорочно за автопатиштата, а додека пак за Скопје 2014, како што кажав порано потребно е да се изврши санација на штетите. Треба да се формираат стручни тимови кои врз основа на план и програма усвоена од Владата треба да ги водат проектите. Имаме стручни тимови кои тоа можат да го направат само ако се почитува и прати нивната работа, за да се постигне позитивен резултат.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -