3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Делчевските планинари се искачија на врвот Маљовица на Рила

Делчевските планинари го освоија врвот Маљовица на Рила со надморска висина од 2729 метри. Како што истакна денеска на прес-конференција Љупчо Чучуковски, претседател на ПСД „Голак“ Делчево, во искачувањето на врвот Маљовица учествувале 15 делчевски планинари, но и планинари од соседна Бугарија.

– Оваа високогорска акција за искачување на Маљовица беше во организација на ПСД „Голак“ Делчево, а во него учествуваме околу 30 планинари, меѓу нив беше и најмладиот наш планинар, 12-годишниот Давид Чучуковски, кој воедно стана и прво дете планинар од Македонија кој го освои овој врв. За нас планинарите беше предизвик да се овои Маљовица со нејзиниот алпски карактер, односни тешка патека со големи седиментни карпи, ледници со лавински опасности, истакна Чучуковски.

Тој додаде дека искачувањето до врвот се одвивало во две етапи, а целата акција поминала без проблеми.

– Првиот ден го почнавме од Мечја Пољана на надморска висина од 1720 метри, каде се наоѓа и ски – центарот Маљовица и продолживме по течението на реката Маљовица се до планинарскиот дом на надморска висина од 1960 метри, каде што ја поминавме ноќта. Ова го направивме и поради аклиматизација и висинската разлика, а наредниот ден продолживме до Еленските Езера кои се на 2500 метри надморска висина и сѐ до крајната цел врвот Маљовица, рече Чучуковски.

Досега овие љубители на планината имаат освено многу врвови на Балканот, а за оваа сезона планираат уште една високогорска акција.

– На Балканот ги имаме искачено сите поголеми и поинтересни врвови. Триглав, врвот Митикас на Олимп, Усала на Рила, Вихрем на Пирин, но и Кораб, Титов Врв, Солунска Глава и многу други. За оваа сезона веќе се подготвуваме за уште една високогорска акција, но за неа благовремено ќе ја информираме јавноста, рече Чучуковски.

Инаку, ПСД Голак од Делчево се подготвува и за третиот меѓународен планинарски марш „Голак 2017“, кој треба да се одржи во август и за кој е најавено учество на повеќе планинарски друштва од Балканот.

поврзани објави

Последни објави