6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димитров на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ

Делегација од Република Македонија предводена од министерот за надворешни рабори Никола Димитров денеска во Дубровник, во рамки на финалните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Република Хрватска, учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ.

Како што соопшти МНР, Димитров во своето обраќање ги изнесе ставовите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот и нивното влијание врз целокупната соработка, како и начините за унапредување на истата особено во форматот на ПСЈИЕ. Зборуваше за начините и модалитетите за надминување на сегашните предизвици и максимизирање на заедничките можности користејќи ги досегашните искуства во рамки на Процесот, но и на другите иницијативи и организации, со акцент во секторот за поврзување, комуникација, транспорт и енергија.

На крајот на состанокот, министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот усвоија Заедничка изјава.

На маргините на состанокот, Димитров оствари средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. Ги пренесе заложбите на новата реформска Влада за стабилна и просперитетна Република Македонија, ги потенцираше и можностите и задачите на нашиот пат кон европска демократија во која владее правото.

Министерот оставари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со колегите од Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, Косово, Енвер Хоџај, и Руската Федерација, Алексеј Мешков.

поврзани објави

Последни објави