Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција. На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот. Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, ваквиот индолентен однос нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.