3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Јовановски: Владата се обиде да прикаже голем проблем за одржувањето на Супер купот за да се прикажат како спасители

Крсто Јовановски денеска на прес-конференција изјави дека Владата на СДСМ се обидела да го испроблематизира одржувањето на УЕФА Супер купот со наводни недостатоци околу изградбата на стадионот, сакајќи, според него, да создадат атмосфера на паника во која тие би биле спасителите кои што ќе го решат проблемот.

– Лажните информации кои СДС сакаше да ги протне во јавноста беа дека претходната Влада не инвестирала доволно во стадионот и дека сега сме соочени со наводно пропаѓање на Супер купот. Иако ПУИК веднаш кажа дека над 6 милиони евра се инвестирани во стадионот и дека се е завршено освен некој ситни активности чија изведба е во тек, изјави Јовановски.

Тој додаде дека СДСМ на јавноста ѝ продавала приказна како се да е пропаднато и дека сега се потребни надчовечки напори и милиони евра за да се спаси Супер купот, за на крај да се испостави дека проблемот кој се обидуваа да го прикажат како огоромен бил само во тоа дека треба да се направат некој клими уреди во износ од 115 илјади евра, кои пак ПУИК требало да ги обезбеди зошто пак ги имал во својот буџет.

– По оваа циркузијада која и ја приредија на јавноста следеа медиумските фанфари на СДС кои тоа сакаа да го прикажат како тоа Влада на Заев во 5 до 12 го спасила Супер купот. Соломонското решение на СДС и не е решение, бидејќи не постоеше никаков реален проблем, туку вештачки создаден од СДС за правење на популизам. СДС донесе одлука на Влада, па ја преиначи во заклучок за да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија, што само по себе значи дека доколку проблемот бил во самата компанија и немало да биде проблем, туку политички креиран случај за ефтин популизам, рече Јовановски.

Според него, ваквите настани се типични за СДСМ, бидејќи и додека биле во опозиција тие, како што рече Јовановски, ја потценувале интелегенцијата на граѓаните, обидувајќи се да ги убедат во приказни на кои и самите не верувале.

– Тоа го прават поради нивната неспособност во справување со проблеми и реализирање на конкретни мерки и проекти, па секогаш се обидуваат тоа да го покријат со политикантство и млатење празна слама, заврши Јовановски.

поврзани објави

Последни објави