Владата на Република Македонија со писмено соопштение реагира на наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека министерот Роберт Поповски се уште нема пополнето анкетен лист.
„Лажна е информацијата изнесена на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.
Во интерес на вистината и отчетноста, ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од приемот на документот во архива.