2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Министерката Царовска на средба со стечајците во Куманово

Стечајците од повеќе градови денеска во Куманово, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и со претставникот на министерство за финансии Бранимир Јовановиќ.

На средбата со стечајците, објасни министерката, се разговарало за нивните барања и евентуалните можности со кои поголем број на стечајци треба да бидат интегрирани во новата законска регулатива која треба да се донесе наредниот период.

– Од разговорот со нив видовме дека се исти основните позиции кои ги договоривме со групата стечајци што беа кај мене на состанок. Тоа се од пет до 15 години стаж , 52 години старост за жени, а 55 за мажи, Единствено ни се јавува проблем кај опфатот на тие стечајни работници, кои во даден период од нивниот живот имале работа кај приватни компании. Треба да утврдиме колкав период од стажот поминат кај приватни компании ќе биде вклучен во овој закон или не, изјави Царовска.

Поразговаравме, додаде, за сите опции.

– Имаат широки барања, а особено некои што по 7-8 години работеле во приватни компании. Заедно со министерот за финансии ќе седнеме, ќе направиме проценки, ќе ја информираме Владата и ќе донесеме конечен став. Ова беше средба со која ги запознававме и нив со проблемите со кои ние се соочувавме, но и баравме решение заедно со нив, потенцира министерката.

Претставникот на Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ истакна дека Министерството ќе преземе мерки да бидат вклучени во програмата и оние лица кои што, досега, рече беа исклучени.

– Веќе во ребалансот што го подготвуваме предвидуваме средства за стечајците, така што предвидено е веќе оваа година да почне да се исплаќаат дополнителни средства за овие луѓе. Нашите проценки се дека станува збор за околу 3.000 лица. Тие би ја земале помошта што и сега им се исплаќа на лицата која што изнесува околу 7.600 денари нето. За тоа се потребни околу 23 милиони денари или 400.000 евра месечно. Тие средства веќе ги планираме за буџетот за оваа година, изјави Јовановиќ.

Претставникот на здружението на стечајни работници УНИТ од Куманово, Лилјана Георгиевска, истакна дека стечајците се надеваат дека кај претставниците на министерствата има интерес да бидат опфатени што поголема група на стечајци и дека постои можност за разговори и договори.

поврзани објави

Последни објави