-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов: Нашите народи имаат потреба од перспектива, не само да зборуваме кој цар на кого е

Тоа што Бугарија е претседател на Советот на ЕУ за шест месеци не значи дека можеме да направиме сè што сакаме. Можеме да се придвижиме многу напред, ако политичката елита на секоја една од земјите кои сакаат членство во евроатлантските структури, ja надраснат историјата и повеќе зборуваат за реформи, отколку за историја “. Оваа позиција беше изразена од премиерот Бојко Борисов при неговото учество во Самитот на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

“Нашите балкански народи се европски народи, но луѓето имаат потреба од перспектива, не само да зборуваме кој цар на кого е. Тоа е важно за историчарите, но што е поважно од тоа да одиме напред и за доброто на нашите народите “, коментира Борисов во Дубровник, каде се одржува самитот, соопштија од владината информативна прес служба.

“На Балканот навиката е колку пари и кога ќе му дадат – ако може веднаш, и одеднаш да станеме како Швајцарија. Овој менталитет треба да се промени. Во Европската унија се работи на друг начин – луѓето прво сакаат да ги видат вредностите, да ги видат реформите, да го видат слободата на говорот, слободата на движењето, борбата против криминалот, корупцијата и дури тогаш можеме да ја поставиме темата за пристапувањето со кохезионите фондови , со Берлинскиот процес и сè друго “, рече Борисов.

поврзани објави

Последни објави