ВМРО-Народна партија денеска слави роденден!
ВМРО НП била формирана на 4 јули 2004 година во Скопје, од приврзаниците на првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.
При формирањето на партијата, на функцијата претседател на ВМРО НП била избрана Весна Јаневска, додека Љубчо Георгиевски се сметал за неформален водач на партијата. На Првиот конгрес на ВМРО НП, одржан на 22 април 2007 година, за претседател на партијата бил избран Ѓорги Трендафилов.
Досега од партијата беа исклучени тогашниот претседател Ѓорги Трендафилов, Весна Јаневска, Валентина Божиновска, Марјан Додовски.
Истите тие, со исклучок на господинот Трендафилов, периодот наназад остваруваат високи функции во партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Како лојални членови, но и видни функционери од минатото кои себеси се претставуваат како вистински носители на вмровската идеологија во ВМРО Народна, покрај лидерот Љубчо Георгиевски останаа екс министерот за транспорт и врски Љупчо Балкоски кој денеска е Генерален секретар на партијата, Слободан Близнаковски – поранешен градоначалник на општина Чаир, Никола Тасев – директор на НОВА Македонија, Ванчо Костоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ од Охрид во периодот на Љубчо Георгиевски.
Партијата во 2006 година добива 6 пратеници во Македонското собрание. ВМРО НП не станала дел од владината коалиција. На последните парламентарни избори партијата учевствувала во коалицијата ВМРО за Македонија заедно со партиите на Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски.
Во склоп на партијата функционира и младинска организација т.е Унија на млади сили на ВМРО Народна партија, чиј претседател е Дино Блажески.
Партијата во 2009 година се етаблираше како трет политички субјект во македонскиот политички простор. Од тогаш, лидерот Георгиевски добива удари од блиски луѓе кои наводно поради “идеолошки“ причини заминаа во ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата на Љубчо Георгиевски периодов најави интензивна кампања за враќање на вмровското членство во ВМРО Народна партија!