7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

МФ го отплати долгот кон Дојче банка во висина од 77,3 милиони евра

Министерството за финансии (МФ) денеска во целост го отплати заемот кон Дојче банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра. Заемот беше со каматна стапка од 6,456 проценти и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.

– За таа цел од Буџетот на Република Македонија исплатени се 75 милиони евра наменети за отплата на главнина и 2,3 милиони евра за отплата на камата. Овој износ е скоро три пати поголем од вчерашното задолжување на Министерството за финансии на домашниот пазар, кое беше со просечна стапка од 2,25, соопшти Министерството за финансии.

Со оваа исплата, јавниот долг, како процент од БДП, ќе се намали за 0,7 процентни поени.

поврзани објави

Последни објави