Ние сме тим од експерти во технологијата, дизајнери и аналитичари на податоци. Ние работиме напорно повеќе од две години на истражување и развој на продукти. Еден од продуктите на оваа компанија е паметниот Thorne Wallet кој ќе го смени начинот на кој гледате и ги користите новчаниците.
Не е тајна дека новчаниците се категорија, која не еволуираше во последно време. Ние инвестираме време и пари во истражување и развој на уред кој е направен да биде многу мал и да ја содржи технологијата, којa му е потребна на модерното човештвото во секојдневното функционирање.“ – вели Златко Георгиев, основачот на компанијата Thorne Technologies Inc.
‘’Во денешно време секој користи телефон, а со тоа доаѓа и ограничувањето на животот на батеријата. Заборавете ги деновите кога морате да носите преносна батерија, преносен тврд диск за податоци, лични и бизнис картички со страв дека можете да ги изгубите или вашите податоци да бидат украдени. Нашиот тим го има решението за сите овие проблеми од секојдневниот живот, во еден едноставен производ. Thorne Wallet се дизајнирани и развиени да содржат моќна батерија од 5000 mAh, со дебелина од 1cm, а се изработени од високо квалитетна кожа во која се вметнати RFID заштитни слоеви, кои служат за заштита при крадење на податоци од вашите кредитни картички.’’ – вели Александар Манасиев, менаџер во Thorne Technologies Inc.
Една од главните функции на Thorne Wallet е GPS-от, кој ви овозможува да го лоцирате новчаникот на точна дестинација преку нашата апликација и активирате алармот на вашиот новчаник, во случај да го изгубите или доколку го изгубите вашиот телефон да го вклучите алармот на телефонот за да го пронајдете.
Но, функцииите на Паметниот Thorne Wallet не завршуваат тука, тој ви дозволува исто така, преку Wi-Fi опцијата да пренесувате податоци во него или од него. Преку апликацијата специјално направена за Thorne можете дирекно да гледате филм или да ја слушате вашата омилена музика без потреба од интернет конекција. Thorne Wallet содржи технологија која ви овозможува полнење без кабел.
Со секој новчаник следува и хибриден кабел кој можете да го користите и за Android и за iOS, односно, еден кабел за сите уреди.
Thorne Technologies Inc., како нова компанија, е доста успешна а доказ за тоа е и соработката со компанијата GOBE Robotics, со која што веќе работат и на заеднички проект за создавање на нов иновативен дрон со напредна технологија. Со овој заеднички проект, Thorne докажува дека технологијата која парира на светско познатите брендови е возможна и отвара нови порти за развој на производствениот сектор во Република Македонија
Од ‘’среда, 12 јули 2017’’ официјално Thorne Wallet е пуштен во продажба, а за првите 250 купувачи цената ќе биде за 40% пониска.
Извор: Smartportal.mk