6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Министерката Шекеринска се сретна со албанскиот амбасадорот Река

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Република Албанија во Македонија Фатос Река.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска изразила благодарност за континуираната политичка поддршка која Република Албанија и ја дава на нашата земја во процесот за интеграција во северно-атлантското семејство.

На средбата Шекеринска истакнала дека е потребно да се интензивира билатералната и регионалната соработка со земјите соседи затоа што сите имаат една заедничка цел, стабилен и безбеден регион. Таа ја истакнала можноста за користење на нашите капацитети за едукација и обука, како што се Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за обука за односи со јавност и упатила благодарност за понудените школувања и обуки на персонал од Армијата на Република Македонија во капацитетите во Република Албанија.

Амбасадорот Река пренел уверување дека Албанија ќе продолжи да ја поддржува Македонија за што поскоро членство во НАТО и оти ја поддржуваат политиката на отворени врати на НАТО. Тој додал дека Албанија би сакала да помогне во остварување на целите на нашата земја и оти се подготвени да го споделат своето искуство.

Во однос на соработката, амбасадорот Река нагласил дека безбедноста на целиот регион е важна и дека билатералната и регионалната соработка треба да се интензивира и преку размената на искуства и користење на различните капацитети од заеднички интерес.

поврзани објави

Последни објави