6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба на директорот на АМС со претставници на РФМ и МКФ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска заедно со раководителот на Секторот за спорт Томислав Андоновски, се сретнаа со претставници на ракометната и кошаркарската федерација на Македонија (РФМ и МКФ).

Ракометната федерација на Македонија е една од најдобро организираните федерации и со најголеми успеси, истакна Каевски на средбата со генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски. Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ја интензивира соработката со РФМ, да се издвојуваат повеќе средства, а приоритет ќе биде поддршката на македонските ракометари за европското првенство во ракомет, во Загреб, Хрватска.

Со Кошаркарската федерација на Македонија, претставувана од претседателот Петар Наумоски и Генералниот секретар Моника Гавриловска, се разменија мислења за тековните состојби во македонската кошарка. Целта на средбата беше утврдување на тековните состојби и координација во работата на националните спортски федерации со Агенцијата за млади и спорт, како и активностите на федерациите во периодов што претстои, особено на меѓународен план.

Исто така, со претставниците од федерациите се разговараше и за младите таленти, кадетските и јуниорските репрезентации. За да имаме идни успеси, потребно е да работиме уште денес со најмладите, да ги следиме нивните вештини и онаму каде што е потребно да помогне Агенцијата за млади и спорт.

Се дискутираше и за предлог – измени во Законот за спорт, со цел системска поддршка на спортот.

Каевски нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржува политиките на федерациите, и од сите ќе бара транспарентност за начинот на кој се трошат буџетските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт.

поврзани објави

Последни објави