МАНУ потврди дека Заев не ги консултирал, ниту пак имаат каква било информација што договорил на средбата во Софија.
ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од незаинтересираноста на Претседателот на МАНУ кон прашања кои задираат во највисоките државни и национални интереси. Само да се констатира дека МАНУ не поседува никакви информации околу договорот и да се кренат раце, односно да не се пројави никаков интерес какви отстапки прифатил Зоран Заев во својство на Премиер е во најмала рака недозволиво.
МАНУ како врвна научна институција која треба да се грижи за државните и национални интереси мора да го оправда својот статус и да побара објаснување што е договорено, кој дел од учебниците по историја ќе се брише и дали македонската историја е посебна или заедничка со Бугарија.
Доколку МАНУ навистина смее да има став без притоа да не се плаши некој од академиците дека Заев ќе го избрка од работа како што вели Димитров, го повикуваме МАНУ како врвна научна институција која е задолжена за проучување и штитење на македонскиот идентитет, јазик и култура да ни се придружи во барањето до Заев, тој јавно да и каже на јавноста што договарал во Софија.
ВМРО-ДПМНЕ повторува дека се залага и ќе се залага за добрососедски односи со Бугарија и со сите наши соседи, но базирани на взаемно почитување и одговорност, без притоа да биде загрозена македонската држава, народ, култура, историја и јазик“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ