3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Џафери се сртена со иранскиот амбасадор Карими

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Иран во Република Македонија Хосеин Карими, на која како што информираат, изразиле подготвеност да продолжи билатералната соработка меѓу двете земји на сите институционални нивоа, за одржување на мирот, стабилноста и благосостојбата.

На почетокот на средбата, Карими изразил честитки за изборот Џафери за претседател на Собранието, притоа посакувајќи му успеси во понатамошната работа и ја искористи приликата да му ја достави честитката упатена од претседателот на Исламската Република Иран Хасан Роухани.

Амбасадорот Карими истакна дека Иран со внимание ги следел последните настани во Република Македонија, при што тој лично изразил задоволство во однос на ангажираноста на политичките партии и граѓанското општество, и како и тенденцијата за почитување на правилата на демократското општество во текот на последните настани кои ги оценува како клучен фактор на демократските процеси кои овозможија решавање на политичката криза во земјата.

Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, изрази благодарност до амбасадорот за честитките и поддршката, притоа истакнувајќи дека благодарение на поддршката на граѓаните и политичката посветеност, успешно се надмина политичката криза во земјата.

Претседателот на Собранието истакнал дека Македонија има демократски определби и е насочена кон членство во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Карими изразил убедување дека Собранието на Република Македонија има и може да игра важна и конструктивна улога во градење на иднината на оваа земја, како од аспект на одлучување така и од аспект на зачувување на унитарноста на земјата. Исто така, истакна дека Иран е посветен кон воспоставување на позитивни односи и соработка со сите земји од Балканот, а посебно внимание му посветува на создавањето на добри односи со европските земји.

Претседателот Џафери подвлече дека Република Македонија е фокусирана на градење на подобра иднина на земјата, а од мултилатерален аспект, со оглед на тоа дека Македонија е земја со мала територија и мал број на население, не може да има големо влијание во глобалната политика, но имајќи поволна геополитичка и стратешка позиција, се стреми да биде неутрална и непристрасна воспоставувајќи добри односи со сите земји.

поврзани објави

Последни објави