Ендрју Гарфилд, актерот кој играше во филмскиот хит „Спајдермен“, неодамна изјави дека нема ништо против истражувањето на сексуалноста.
„Можеби ќе се свестам во подоцнежните години од животот, што верувам дека ќе биде прекрасно, па ќе можам да го истражувам тој дел од себе. Засега, колку што знам, не сум геј“, изјави Гарфилд.
Ѕвездата, која пред извесно време беше во врска со Ема Стоун, глуми во претставата „Ангели во Америка“. Ендрју ја толкува улогата на хомосексуалец кој има СИДА.