2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Франција ја продолжи вонредната состојба

Франција ја продолжи вонредната состојба во земјата, по терористичките напади во 2015 година.

Парламентот го поддржа предлогот на Владата со 137 гласа, а 13 се изјаснија против. Гласале само 150 од 577 пратеници.

Вонредната состојба е продолжена до 1 ноември.

Новата француска влада предлага нов антитерористички закон со кој претседателот Емануел Макрон сака да ја замени вонредната состојба.

Макрон има намера ова да биде последно продолжување на вонредната состојба.

поврзани објави

Последни објави