Претставници на Меѓународниот сојуз – Скопје, предводени од претседателот Бојан Јовановски, денес остварија работен состанок со премиерот на Република Македонија, господин Зоран Заев.
На средбата беше презентирана мисијата на Меѓународниот сојуз, неговите активности и програма за работа. Посебен акцент на работниот состанок беше посветен на тоа како Меѓуародниот сојуз преку својот акционен план, а во соработка со Владата на Република Македонија, може да им помогне на загрозените категории луѓе, со посебен акцент на бездомните лица.