2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Еден македонски академик

Еден македонски академик  изгледа не е во тек дека Македонија веќе 26 години е независна држава и повторувањето на одредени флоскули од времето на Лазар Мојсов и Крсте Црвенковски е во најмала рака демоде…

Еден македонски академик треба да сфати дека времето „плукај по Бугарите“ за да направиш кариера истекува…

Еден македонски академик (писател) се искажува неподготвен за Илинден… „Илинден е срцето на Македонија“. Од кога тоа Илинден е срцето? Па нели Јајце беше во основата на сè… Нели со потписот на другарот Тито се легитимираше и македонската нација во склоп на сите нации во Југославенската федерација. Се сетивте за Илинден сега по потреба… Порано муабетиве беа дека Бугарите влијаеле за прераното кревање на востанието и затоа истото не било успешно. Таква е приказната ако не се лажам? Па после пак по потреба се појавија Првиот, Вториот и Третиот… Илиндени.

Еден македонски академик бара од Македонија да се врати во времето на Ладната војна. Вокабуларот на овој македонски академик потсетува на тоа време…

Еден македонски академик мака мачи индиректно да ја оправда референцата FYROM… Еднаш Југословен, засекогаш Југословен па макар и Поранешен од 1995 г.

Време е македонските академици да се разделат со своето југословенство и да почнат да размислуваат како Македонци. Колку и тоа да не ви се допаѓа драги современици на Анте Марковиќ, СФРЈ е мртва, а Македонија треба да гради своја политика, која не треба да биде слика и прилика на мантрите од комунистичкото минато на поранешната федерација.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави