Дискутабилен е фактот што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи поради тоа што се ствара дилема кај нивниот електорат дали е тоа единствена политичка партија или внатрешни проблеми, па затоа не сакам да коментирам, рече Џафери.
Со нивното делување во Собранието ќе покажат која им е намерата. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза која координаторот има право да ја побара, тоа значи дека во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза, истакна Џафери.
Претседателот на Собранието истакна дека не сака да предиуцира за нечија намера, додавајќи дека изборот на потпретседатели е со иста процедура како претседателот на Собрание, а деновиве предлозите ќе се најдат пред пратениците.