3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Екстра луксузниот глисер сопственост на Сергеј Самсоненко, монасите во Калиште само му го чувале

Екстра луксузниот глисер од неколку стотици илјади евра – што денови ја бранува јавноста го купил рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Од неговата фирма за тв 24 велат дека е глисерот е нивен, а монасите во Калиште само го чувале и може да го користат.
Одговорно тврдам дека глисерот не е во сопственост на Македонската Православна Црква, туку на „Сис Травел Груп“. Истиот е со цена далеку помала од онаа за која се шпекулира во јавноста. Пловниот објект е оставен на чување во манастирот Калишта и по потреба имаат согласност од наша страна да го користат. Ниту видеото, ниту фотографиите кои се појавија во медиумите не се реални и не се однесуваат на пловниот објект кој е предмет на интерес.“
За разлика од управителот на фирмата што го набавила глисерот Давор Стојановски, во МПЦ резервирани. Не сакаат да одговарат на прашања кога се споемнува луксузното пловило. Нема одговор дали сепак ќе заврши во МПЦ или пак свештениците само ќе пловат со него, првин ќе бидат обучени.
„Ниту ја потврдувам ниту ја демантирам информацијата. Тој манастир не е под моја ингеренција. Тој е под неговото блаженство архиепископот охридски македонски Г-дин Г-дин Стефан и таму што купуваат, што прават немам никакви информации, ниту сум должен ниту тие се обврзани да ме информираат“. – вели Г. Тимотеј.
Глисерот бил паркиран на пристаништето на хотелот „Бисер“ во Струга веќе регистрирано и сега може да се вози по водите во Охрдиското езеро. Од Капетанијата во Охрид потврдуваат дека веќе дале дозвола и ги има сите потрребни документи за глисерот, но велат оти не знаат за чии потреби е купен, дали за фирмата или пак поклон на МПЦ, како што се тврдеше во дел од информациите.
„Се работи за друг сопственик односно фирма на чие име а кој го управувал и зошто не можам да ви кажам, Фирмата најрегуларно си има поднесено документи, така што незнам зошто ја мешаат МПЦ, навлегуваме во приватни работи меѓу фирма и МПЦ. Како можам јас да кажам дека еден глисер е од МПЦ доколку свештени лица се возеле на пловниот објект. Од каде да потврдам или одрекнам и кој им забранува да бидат гости“. – изјави Горан Устијановски – Капетан на Капетанијата на пристаништата – Охрид.
Инаку, глисерот е набавен пореку фирмата СИСТРАВЕЛ. Сопственици на оваа фирма се други две. Односно, СИСБАЛКАН а како нејзин содружник се јавува СРЦ Јане Сандански. Нивен краен сопственик е Сергеј Самсоненко.
Извор: ТВ 24

поврзани објави

Последни објави