Видео-снимка на Бразилката Росемер Насименто Силва која загина неколку минути пред венчавката го обиколи светот.
Триесет и двегодишната невеста од Сао Паоло, Бразил, сакала да го изненади младоженецот и на нивната венчавка да стигне со хеликоптер.
Во хеликоптерот е со нејзиниот брaт, фотографката која била трудна шест месеци и пилотот, кога леталото ненадејно се урнало, а сите патници загинале.
За тоа време, младоженецот ја чекал пред олтарот не знаејќи што се случило само на неколку километри од таму.
Снимката е објавена на бразилскиот информативен сајт G1 Official, а материјалот на користење го добиле од полицијата.
https://www.youtube.com/watch?v=pb2tJfiIrCo
Осумминутната снимка ја прикажува атмосферата во хеликоптерот, но и неколку можни грешки кои пилотот Петерсон Пињеиро ги направил во последните моменти. Во еден момент, леталото почнува да понира. А се слуша и врисок. Камерата прдолжила да снима по падот.
Причина за падот се лоша видливот, дожд, магла, поради што хеликоптерот удрил во дрво.
Кога пред 300 гости од кои само шест знаеле за изнанадувањето на младоженецот му соопштиле дека невестата загинала, тој паднал во несвест.